ФОТО: Зграда во Драч распука на два дела по двата земјотреса

На фотографијата преземн од албанските медиуми се гледа зграда во Драч која распукала по должината, на два дела, како последица од двата земјотреса што се случија попладнево.

Првиот беше во 16 часот и 4 минути, земјотрес со јачина од 5,8 степени , 33 километри западно од Тирана и 6 км северно од Драч, во Јадранското Море, на длабочина од 10 км.

Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија, како и во Скопје, со помала јачина, но доволно за обичниот човек, посебно оние кои живеат во згради, да се занишааат, како што рече еден скопјанец на ФБ, во своите фотелји.

Вториот земјотрес со јачина од 5,5 степени се случи 11 минути по претходниот, во 16 часот и 15 минути.

Вториот земјотрес е на 27 км западно од Тирана, 7 км североисточно од Драч и 6 км северозападно од Шијак.

Длабочината на овој земјотрес е 3 км.

- Реклама -