Сколс: Погба може слободно да си оди!

Погба остана во Манчестер Јунајтед и покрај многуте шпекулации дека ќе реализира трансфер во летниот преоден рок, но клупската легенда Пол Сколс не е импресиониран од игрите на Французинот и ваквото сценарио.

– Мислам дека е јасно дека тој сака да замине. Сакаше во Реал, но тоа не се случи, не би се изненадил ако се повтори случајот на Роналдо и ако замине една година подоцна по првичните преговори.

– Кога и да замине, мислам дека тоа нема да биде голема загуба за тимот. Откако дојде не одигра ништо посебно, има фудбалери кои би играле подобро на неговото место, – вели Сколс.

- Реклама -