Шекеринска: Растат платите, со нас има поголем буџет за секое семејство

Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, денеска одржа работен состанок со претседателите на Комисиите на СДСМ.

– За само две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата на СДСМ се реализирани.
Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО, економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава. Концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите, рече таа.

Со мерката за поврат на ДДВ 50 милиони евра годишно се враќаат кај граѓаните. Социјалната помош ја покачивме за 300%, за земјоделците обезбедвме зелена нафта поефтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5%, ја вративме ефтината тарифа на струјата.

– Со низа на мерки парите ги насочуваме кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет. Со ребалансот на Буџетот кој утре влегува во собраниска процедура воведуваме нови мерки и обезбедуваме повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари. Ги укинуваме квотите за лекови, обезбедуваме доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, правда и одговорност за секого. Како носечки дел во креирањето на политиките Комисиите на СДСМ продолжуваат со подговотки на нови мерки и политики за подобрување на животот на сите граѓани, вели таа.

- Реклама -