Играте игри на среќа, ама не добивате ништо? Па нормално дека не добивате, кога наградите веројатно ви ги собира Ѓурѓа од струмичко.
Како што открива „Слободен печат“, речиси сите награди доделени од Државна Лотарија на Македонија ги добила извесна Ѓурѓа Ѓоргиева од село Старо Коњарево. Доказ за тоа се и коментарите на друштвените мрежи од типот: „Пак оваа?“.
Како што велат од „Слободен печат“, нашле најмалку десет не баш скромни награди кои завршиле во рацете на струмичанката. Од нив, две се автомобили.
„Или госпоѓата е родена под среќна ѕвезда или некој тука ‘замешал прсти’. Граѓаните по социјалните мрежи велат дека е она второто“, пишува порталот, додавајќи и дека можно е Ѓурѓа да е единствената што игра, а ние беспотребно ѝ љубомориме. Што сѐ има добиено теткава, погледнете ТУКА.