Јанева е во лоша состојба, особено на психички план

Фото: Игор Бансколиев / Нова Македонија

Здравствената состојба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во притвор за случајот „Рекет“, е значително влошена, објави „ТВ21“. Информацијата ја потврдила и адвокатката на Јанева – Ирена Фрчкоска, со која телевизијата направи ексклузивно интервју.

Како што вели Фрчкоска, здравствената состојба на нејзината клиентка „не е добра“, особено од психички аспект, поради што Јанева постојано е под терапија со лекови.

Во затворот „Скопје“ во Шутка минатата недела била доставена и лекарската документација за Јанева, за да може здравствениот персонал да определи соодветна терапија, додала Фрчкоска.

 

- Реклама -