Ако сте гледале крими серија, тогаш најверојатно сте чуле некој да ја спомне Макдоналд Тријадата, без оглед дали некој психолог ја спомнал за да подржи докази против некој осомничен или ја исмевал како луда идеја.
Популарноста се должи на нејзината едноставност – Макдоналнд Тријадата опишува три однесувања кои ако бидат анализирани заедно или одделно можат да предвидат насилни тенденции. Садистичкото однесување кон животни, палење оган и постојано мокрење по петгодишна возраст се знак дека тоа дете ќе стане убиец. Тријадата била предложена во 1963 година од Џ. М. Макдоналд во American Journal of Psychiatry.
Има неколку докази за подржување на тријадата – неколку сериски убијци имале пиромански тенденции и садистичко однесување кон животни додека биле деца. Иако ваквото однесување е проблем за родителите, како станало знак за насилна психологија? Макдоналд никогаш не тврдел дека овој тест може да предвиди идно однесување.
Тој само забележал дека во студија со сто учесниици – пациенти со и без психоза кои се заканиле дека ќе повредат некого – овие особини биле непропорционално застапени. Друга група психијатри анализирале над сто насилни и ненасилни престапници, повеќето од насилните престапници поседувале една од особините а 45 проценти од нив ги поседувале сите три. [Psychology Today – Triad of Evil]