Крадците украле тоалет од 18-каратно злато од британската палата Бленхајм, каде тоалетот бил сместен како дел од изложбата, соопшти полицијата во саботата.
Тоалетот, вреден повеќе од пет милиони долари, беше дел од изложбата посветена на италијанскиот концепт уметник Маурицио Кателано, која беше отворена пред два дена во замокот Бленхајм, 96 километри западно од Лондон.
Тоалетот, наречен „Америка“, претходно бил изложен во Њујорк во музејот „Гугенхајм“, каде го виделе над 100.000 луѓе.
Крадците провалиле во палатата, родното место на Винстон Черчил, со најмалку две возила и го украле тоалет нешто пред 5 часот по полноќ, соопштила локалната полиција.
„Бидејќи тоалетот беше поврзан со зградата, тој предизвика големи штети и поплави“, – изјави инспекторот Џес Милн на јавното обраќање.
Полицијата соопшти дека уапсила шеесет и шестгодишен маж, но не ги пронашла уметничките дела. Од Палатата Бленхајм изјавиле дека се тажени од загубата на „вредните“ уметнички дела.
Изложбата денес повторно е пуштена за јавноста.
Минатата година, кога тоалетот беше во Гугенхајм, „Вашингтон пост“ објави дека Доналд Трамп го отфрлил предлогот на музејот привремено тоалетот да биде инсталиран во Белата куќа.