Научниците пронашле континент кој порано се простирал од Алпите до Иран, а денес лежи во земјината кора под Балканскиот Полуостров.
Изгубениот континент научниците го именуваа како Голема Адрија бидејќи пред да потоне поголемиот дел од него се простирал во денешна јужна Европа. Денес овој континент е заглавен длабоко под Балканот.
Голема Адрија настанала пред четири милијарди години кога се одвоила од суперконтинентот Гондвана кој тогаш се состоел од Африка, Јужна Америка, Антартик, Австралија, Индискиот Потконтинент и Арапскиот Полуостров.
Овој праисториски континент се простирал на површина која зафаќа триесетина денешни држави почнувајќи од Шпанија па сѐ до Иран.
„Медитеранскиот регион е, просто кажано, геолошки неред. Сѐ е закривено, растурено и расфрлано“, објаснува Доуве ван Хинсберхен од Универзитетот Утрехт во Холандија говорејќи за списанието Science.
Според проценките, Голема Адрија бил дел од африканската тектонска плоча, а пред стотици милиони години почнал да навлегува под евроазиската тектонска плоча, односно под денешна јужна Европа.