Касиљас се правда оти не бил кодош

Голманот на мадридски Реал, Икер Касиљас, рече дека не е во ред што дел од шпанските медиуми го прогласија за „крт“ во соблекувалната на „Кралскиот клуб“ и дека се обидува да го дестабилизира тренерот Жозе Мурињо.

„Не по своја желба последниот период бев вовлечен во неколку ситуации. Прво ме обвинија што не сум го прославил голот на Реал против Сити, пишуваа дека сум тажен, а потоа дека не го поддржувам соиграчот Кристијано Роналдо, а сите знаат дека обожувам како тој игра“ напиша Касилјас на својот фејсбук профил, притоа и дополнувајќи:

„Некои дури отидоа дотаму што ме прогласија за кодош кој пушта приказни од соблекувалната во јавност. Мора веќе еднаш да престанат тие глупости“.

- Реклама -