Ребека: Моиве првачиња појма немаат што е „северна“

Имајќи набилдано искуство во лудиве македонски политички води, ние возрасните некако и разбираме што се случува. Но, како им е на најмладите? Мал увид во својот дом по тоа прашање сподели пејачката и активист – Ребека Јанковска Ристески. Таа пишува:

„Моите првачиња знаат дека се родени во Македонија. Така им пишува и во изводот на родени. Кога некој ќе каже ‘Северна Македонија’ комплетно се збунети и прашуваат зошто некој така ја нарекува нивната татковина. Кога навиваме викаме гласно ‘МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА! Нас Македонија ни е во срцето и во душата. Ја сакаме Македонија! Ако некому тоа му пречи, може слободно да си оди од овде. Оваа земја е Македонија!“, пишува Ребека.

- Реклама -