Осум години е во црвено-црниот дрес и со гордост ја носи капитенската лента. За него Вардар е специјален тим, а една од причините е и огромната фан-база – прочуените „Комити“, од која и самиот е дел, вели прославениот македонски ракометар Столе Стоилов во интервју за ЕХф.
Љубовта кон клубот делумно ја наследил и од својот татко, кој уште од мали нозе го носел на фудбалски натпревари, но сепак, она што Вардар го прави посебен во срцето на Стоилов се, секако, успесите:
„Вардар е специјален клуб не само за Скопје, туку и за целата Македонија… Денес, јас сум капитен на овој тим. Ја носам лентата со чест и гордост и среќен сум што во тешки времиња за нашата држава, донесовме радост кај нашите граѓани“, вели Стоилов.
Прашан за целите на овој, сегашниот Вардар, вели дека се исти како и секогаш – учество на „Фајнал фор“ турнирот во Келн. „А таму, сѐ може да се случи“, вели Стоилов. Целото интервју прочитајте го на „Гол.мк“.