Алиспахиќ казнет со 2.000 евра откако објавил статус за Лаличиќ

Адвокатот Асмир Алиспахиќ, со решение на Основниот кривичен суд, е казнет со 2.000 евра бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус за судијката Софија Лаличиќ во која ја нарекува „сварофски“ и „дно од судија“.

Со тоа, според решението, се навредува судот.

Решението за казната, адвокатот го објави на неговиот профил на Фејсбук.

- Реклама -