Тасевски: Видовте? Одработија и ништо не им фали! А вие пак да им одите на избори

Фејсбук статус на Сашо Тасевски

Видовте, сите си ја одработија својата задача во тајниот план наречен: “Ништо ново, ништо поарно, ништо нормално”.

Одработи власта на чело со ДУИ и коалицискиот СДСМ, одработи опозицијата со Мицко, одработи Мијалков, одработи Камчев, одработи Крсто и Бетка, одработи СЈО, одработи Груевски, одработија сваровски судиите и Стефановска Кацарска, Русковска, а еве одработи и Јово Превара…

Одработија и ништо нема да им фали. Сите одработија за нашиот лош живот и во иднина, за сиромаштијата, за белата чума, за разделбите со родителите, за лошото јавно здравство, за катастрофалното образование, за вјек и вјеков.

Тие ОДРАБОТИЈА, не го заборавајте овој глагол, за свои и туѓи дворови. Пак на избори да им одите. Немој некој да не отишол.

- Реклама -