Новиот извештај на лондонската адвокатска група Privacy International открива нешто што не би требало да е изненадувачко, но на што се чини корисниците не обрнуваат доволно внимание. Имено, дел од апликациите за следење на мeнcтpyaлниот циклус приватните податоци што ги собираат за ceкcyaлното здравје и активностите на корисничките ги препраќаат и споделуваат со трети страни, вклучително и Facebook.
Според Buzzfeed, апликациите како Maya (5 милиони корисници на Google Play) и MIA Fem (2 милиони корисници), на Facebook му праќаат чувствителни информации преку софтверот наречен Development Kit (SDK). Овој софтвер наводно им помага на друштвените мрежи при имплементирање на одредени опции, но и алатки за собирање на кориснички податоци, за да може, на пример, Фејсбук да прикажува огласи на одредени целни групи.
Апликацијата Maya, според извештајот, со Фејсбук споделува одредени податоци за корисникот дури и пред тој да се сложи и да ги одобри политиките на приватност за користење на апликацијата. Исто така споделува и податоци кои корисниците, во случајов корисничките, ги внесуваат во однос на своите промени во расположението. Таквите често се од интерес за огласувачите, бидејќи им помагаат стратешки да ги таргетираат рекламите. Понекогаш овие податоци водат кон поголема продажба, а објаснувањето е едноставно: жените кои се бpeмени, или сакаат да забpeменат, многу веројатно ќе ги променат своите потрошувачки (купувачки) навики, посочува Buzzfeed.
Матичната компанија зад оваа апликација – Plackal Tech, вели дека SDK Facebook софтверскиот пакет им овозможува да остварат приходи прикажувајќи реклами на бесплатната верзија на апликацијата, за да не мораат корисничките да се претплатат на премиум верзијата, што би ја намалило достапноста.
„Сите податоци до кои пристапува Maya исто така се важни и за правилно функционирање на апликацијата. Предвидувањето на информациите кои се однесуваат на мeнcтpyалниот циклус е сложено и зависи од илјадници варијабли. Податоците за локацијата ни овозможуваат да ги предвидиме регионалните варијации во должината на циклусот и на тој начин помагаме во подобрување на точноста на нашите предвидувања со тек на времето“, велат од компанијата.
Апликацијата MIA fem, пак, на корисничките им поставува прашања за нивните дневни навики, а потоа им предложува статии кои се поврзани со тие навики.
Фејсбук одговори на наодите во извештајот на Privacy International, со тоа што стапи во контакт со компаниите зад апликациите наведени во извештајот, за да поразговара со нив околу можното прекршување на условите за приватност.
„Имаме системи за откривање и бришење одредени видови податоци, како што се броевите на социјалното осигурување, лозинките и други лични податоци, како е-пошта или телефонски број. Почнавме со истражување на начини за да го подобриме нашиот систем и производи, со цел да откриваме и филтрираме повеќе видови потенцијално чувствителни податоци“, велат од Фејсбук.