Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци
И покрај Преспанскиот договор, името е Македонија во неформална граѓанска комуникација и општо во јавната сфера, неповрзана со владини органи. А, ние кои живееме тука сме Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи… Имено, никој не може да ми забрани во моите текстови да ја ословувам земјата како Македонија, и тоа го правам. И секаде се претставувам како Македонка, освен секако пред некојси Кир Јани на Евзони, кој ако запне, мора да кажете дека сте од ,,Северна”. Но, Грците на Евзони, не се замараат толку со ова, само удираат печати и собираат кеш од нас.
Република Северна Македонија, согласно одредбите на договорот, важи институционално. За внатрешна употреба и за надворешна „ерга омнес“ (имиња на институции, службени домашни и меѓународни документи, печати, државни посети, спортски, забавни настани итн…).
Владини претставници се обврзани во службена комуникација и на настани земјата да ја ословуваат според Преспански, а граѓаните не се, кога зборуваат меѓусебе во слободна комуникација, па дури и на јавен настан. И тоа треба да го знаат сите граѓани, особено медиуми кои упорно ја ословуваат земјава како „Северна“ во телевизиски прилози или печатени текстови, и така некако го збунуваат граѓанството. Му наметнуваат нешто кое Преспански договор не го предвидува и не може да се оствари!
Преспански договор не ги обврзува луѓето земјава да си ја викаат поинаку освен Македонија, наспроти вакви типуси, од анонимни порталчиња, прилепени за слепото црево на Зоки, кои, несомнено ја заблудуваат јавноста. „Детулево“, кое, ќе напраи 50 години во обид за кариера, кое беше дел од „шарена“, па и се обиде да пишува, му дадоа шанса, ама пусто не му оди пошто нема „штоф“, одамна си има комплекс на ниска вредност, сам се пречкртува, и тука ништо не помага.
Еден ден, секако, ќе му „пукне“ на Зоки од вакви неталентирани и изгубени типчиња, без визија и фокус, кои, никој не ги чита, камоли разбира, освен сто луѓе од штаб. Док јадат симитка и со мрсните раце го вртат каналот на тв, за да видат како лидерот се облекол денеска и да имаат муабет за по слави и родендени – „најубав ни е, убав тој на мајка. Господ нек го благослови“, си дрдорат меѓусебе и чекаат од него леб без работа и некое функцииче.
И за Бранко викаа така, на ушка го носеа, па после дојде Зоки, па сменија кавер фото, па сеа Зоки е на ушка. А, по него ќе дојде друг. Па, четврт. Има луѓе, увек имаат ушка за било кој партиски лидер за упикување „до балчак“, а никој не им ни бара, али ете – тие си сакаат да си се сервилни. За секој случај, можда некој и ќе ги примети дека постојат.
Пс. Во коментарите под текстот на Јоци, некој го оставил и ова (превод од Преспанскиот договор)