Ракометниот тренер Раул Гонзалес, со кого ракометниот клуб Вардар стигна до својата прва шампионска титула во Лигата на шампионите, заедно со своето семејство дошол во македонската амбасада во Париз, каде што се прославуваше Денот на независноста – 8-ми септември.
Во амбасадата Раул бил пречекан од министерот за надворешни – Никола Димитров, кој фотографии од средбата сподели и на Фејсбук.
„Раул Гонзалес со семејството синоќа дојде на приемот во амбасадата во Париз за одбележување на 8 септември. Го немав лично запознато претходно. Прекрасен човек“, напиша Димитров.