Политичкиот аналитичар и критичар на состојбите – Арсим Зеколи, алудира дека има некаква конкретна причина што годинава македонскиот претседател не доби директна честитка за 8-ми септември од американскиот претседател, за разлика од претходните години.
За разлика од екс-претседателот Ѓорге Иванов, кој добиваше директни честитки од Барак Обама и Доналд Трамп, овојпат честитката од САД дојде преку државниот секретар Мајк Помпео, упатена до граѓаните на Северна Македонија.
„Можеби некој од советниците на Стевo ќе ни објасни зошто Обама и Трамп честитаа 8 Септември директно до Иванов, а годинава Помпео до граѓаните. Мора да е некое недоразбирање. Ќе објаснат советниците“, пишува Зеколи на Твитер.
„Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки до народот во Република Северна Македонија, по повод 28 години независност“, порача Мајк Помпео во честитката.
Можеби некој од советниците на Стевo ќе ни објасни зошто Обама и Трамп честитаа 8 Септември директно до Иванов, а годинава Помпео до граѓаните. Мора да е некое недоразбирање. Ќе објаснат советниците.
— Arsim Zekolli (@ArsZek) September 9, 2019