Бјанка Андреску направи големо изненадување во финалето на Ју-Ес Опен, откако славеше со 6-3 и 7-5 против Серена Вилијамс.
Андреску на таков начин ја спречи Серена да ја освои својата 24. гренслем-титула, а по големата победа беше возбудена.
„Знам дека сите на стадионот сакавте да победи Серена, извинете! Знаев дека таа нема да се предаде и ќе се обиде да се врати, но јас успеав да победам на крајот“, порача Бјанка.
Завесата на грен слем турнирот УС Опен ќе се спушти со машкото финале во кое ќе се сретнат Шпанецот Рафаел Надал и рускиот тенисер Данил Медведев.