Каде во светот се слави губење на државноста?- прашува “Глас за Македонија“.
Како политичка партија, изразуваме длабока горчина на годишнината од денот кога пред скоро три децении, во огромен број народот се определи за самостојна и суверена држава, Република Македонија. Со тоа беше крунисан вековниот стремеж на сите генерации пред нас, вели Солза Грчева.
„Но, за жал, за голем дел од македонскиот народ, значењето на 8 септември е девалвирано, по промената на Уставот, промената на уставното име на државата Македонија и бришењето на македонскиот идентитет. Тоа е сторено насилно, спротивно на јасно изразената волја на народот на минатогодишниот референдум и, секако, спротивно на одлуката донесена на единствено важечкиот референдум од 1991 година. Денес, поради прифатените штетни меѓународни договори, не можеме да зборуваме дека Македонија е суверена држава. На ниту една суверена држава никој друг не ѝ ја пишува историјата, ниту и ги брише историските симболи..
Годинешново одбележување на Денот на независноста потсетува на чиста горчина, зашто веројатно сме единствениот народ што се откажал од своите стекнати права. Посакуваме и работиме на тоа да, наредниот празник го празнуваме во навистина суверена и самостојна Република Македонија. Тоа денес не сме“, додава Грчева.