„360степени“: Манипулација со пресудата на Врховниот суд на Шведска

Во пресудата воопшто не се доведува во прашање кривичното дело за кое е обвинет Дејан Давидовски (настаните од 27 април) туку тоа се поистоветува со делата од Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска, кои се т.н. „политички кривични дела“ (насилно уривање влада, насилно попречување на влада, парламент, шеф на држава, суд…) и за кои, според нашироко применетото меѓународно-правно начело (дел од шведското законодавство), може и да не се одобри екстрадиција. Тоа начело е содржано и во нашиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, објаснува неименуван експерт по меѓународно казнено процесно право во разговор со „360степени“.

Како што пишува порталот, повикувајќи се на експертот, пресудата на Врховниот суд на Шведска со која одбива екстрадиција на Давидовски се толкува на сосема погрешен начин, со што јавноста се доведува во заблуда. Целосното објаснување прочитајте го ТУКА. Веста, која ја објави и 365.com.mk, прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -