Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска
„Ме прашуваат, кога ќе излеземе од ќорсокакот во кој сме заглавени?
Мислам дека главен проблем со кој треба да се справиме е тој што граѓаните на Република Северна Македонија не сакаат некорумпирани политичари. Тие само сакаат корумпирани политичари кои ќе бидат корумпирани во нивна полза.
Ќе почнеме да излегуваме од ќорсокакот кога ќе се создаде критична маса на граѓани кои нема да сакаат корумпирана власт во нивна полза, туку ќе сакаат некорумпирана власт дури и тогаш кога е тоа спротивно на нивните моментални лични интереси. Значи не власт која мене ќе ми прогледа низ прсти, туку власт која никому нема да му прогледа низ прсти.
Во моментов сме прилично далеку од постигнувањето на потребната критична маса.“