„НЕ СУМ ДИКТАТОР, ЈАС СЕ БОРЕВ ПРОТИВ РЕЖИМ“, вели премиерот Зоран Заев во разговор со „Фокус“, кој ќе биде објавен во новиот број на печатеното и дигитално издание.
Преговорите за судбината на СЈО, случајот Рекет и Катица Јанева, шансите во октомври да добиеме датум за преговори со ЕУ, ветинг во правосудството, нереформираниот јавен сервис, драстично различните оценки за економските состојби се дел од темите во првото интервју на Заев за „Фокус“ откако е премиер на Република Северна Македонија. Последното интервју со Заев, додаваат од „Фокус“, излезе токму на неславниот 27 април 2017-та, кога Заев сѐ уште беше само лидер на СДСМ.
За останатите содржини во новиот број на весникот, повеќе ТУКА.