Каков статус ќе има СЈО по барањето на Јанева?

Потегот на Катица Јанева предметите од СЈО да се предадат на редовното обвинителство е за поздравување и покрај тоа што е невообичаен бидејќи таа е во притвор – смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Одлуката на Јанева сама по себе, вели дека ќе донесе политички последици, но најважно според него е судските предмети кои се започнати да продолжат, а сите кои се огрешиле пред законот да одговараат.

Сепак, со писмото на Јанева според Муслиу може да се предизвикаат и дополнителни проблеми, бидејќи тоа доаѓа во екот на преговорите за законот за јавно обвинителство. Во идниот период, клучна според него ќе биде транспарентноста на политичарите и институциите, особено доколку редовното обвинителство ги преземе предметите на СЈО.

Нова средба на работните групи на власта и на ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги приближат ставовите за законот за јавно обвинителство е планирана за утре, откако претходните неколку средби не вродија со плод.

Канал5

- Реклама -