Екстремни локации на Земјата

локацииНашиот свет е исполнет со екстремни клими, врвови и многу други работи. Ако некогаш ве интересирале овие рекордни локации, тогаш може ќе ви бидат интересни овие екстремни точки, како на пример највисокиот вертикален пад во светот.

1. Најсеверната шума во светот

локацииЛукунски гроув е најсверната шума во светот. Ари-Мас е најсверната изолирана шума на остров, но таа се наоѓа околу шест километри појужно од Лукунски гроув. Единствените дрвја во оваа шума е дахуриски ариш, но има вкупно 268 видови на растенија, 78 видови на птици и 16 видови на цицачи.

2. Највисок вертикален пад во светот

локацииПланината Тор, во Аујуитук Националниот Парк на Бафиновио Остров, Нунавут, Канада, претставува 1250 метри чист вертикален пад. Планината Тор е најпознатиот врв во Канада, и целиот е составен од чист гранит. Врвот е омилена дестинација за алпинисти и трагачи по возбуди.

3. Официјално највисоката трајна населба

локацииЛа Ринконада е град сместен во Андите во Перу во близина на рудник за злато. Градот неофицијално е највисокиот во светот. Тој се наоѓа во Ананеа Област во провинцијата Сан Антонио де Путина. Ла Ринконада се наоѓа на 5100 метри надомрска височина.

4. Највисока точка достапна со возило

локацииВо Тибет, пустиот Семо Ла пат е 6100 метри над површината на морето и минува низ прекрасни локации и опасни планински премини. Неофицијално Марсимик Ла е највисокиот пат на Земјата, но истиот не е многу достапен. Семо Ла е прооден за возила, и иако локалните власти мислат дека можеби има и други уште повисоки патишта, истите сè уште не се документирани.

5. Океански пол на недостапност

локацииПол на недостапност означува локација која е речиси недостапна поради нејзината изолираност од географски обележја кои би помогнале со навигација. Терминот означува географска креација а не физички феномен и главно е интересен за истражувачи. Океанскиот пол на недостапност (48 степени, 52,6 минути јужно, 123 степени, 23,6 минути западно) е локацијата која е најодалечена од копно.
 
Локацијата се наоѓа во јужниот дел од Пацификот, 2688 километри од најблискиот остров: Островот Дуцие (дел од Питкерн островите) на север, Моту Нуи (дел од Велигденските острови) на североисток, и Маер Островот (во близина на поголемиот Сипл Остров, во близина на брегот на Земјата Мари Бирд, Антартик) на југ. Островот Чатам се наоѓа на запад, а Јужно Чиле е на исток. Локацијата е позната и како „Точка Немо“.

- Реклама -