Автор: Маја Јовановска
Објавено на: ИРЛ (Истражувачка репортерска лабораторија)
Ова не е приказна за работата на владините комисии. Ова е илустрација на партиската окупација во институциите и за моќта дадена на некомпетентните индивидуи кои имаат предност пред јавниот интерес.
Садула Дураки не им е омилен политичар на граѓаните. Неговата популарност, впрочем, и не била јавно мерена. Не покажа речиси никакви резултати како министер за животна средина, а дополнително го навлекуваше гневот на граѓантие поради тоа што не се срамеше и вербално да покаже дека не му е баш гајле што мислат граѓаните. Јавноста очекуваше да биде казнет во таканаречената операција „метла“. Но тој не само што не беше казнет, беше награден не само со министерско, ами и со вицепремиерско место. ИРЛ го пронајде како тазе именуван член во дури 4 од 6 внатрешни владини комисии. Кога се делат функции во институциите на владата, Дураки ќе има збор и моќ во владината комисија за избори и именувања, на пример. Или, кога ќе се продава државно земјиште.
„Знаете дека ние не сме Швајцарија“, ќе рече новиот вицепремиер Садула Дураки, прашан како Македонија се справува со загадениот воздух.
Дураки е во право кога вели дека не сме Швајцарија. Во таа држава има само седум министри кои ги решаваат сите проблеми на граѓаните. Македонија има 23 министри и 16 министерства, а премиерот Зоран Заев има 5 заменици – вицепремиери. И многу проблеми, криминал, корупција, непотизам… Целата сторија прочитајте ја ТУКА.