Собранието на Македонија попладнево во рамки на 110-та седница со 64 гласа „за” и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии.
Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј” – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94.
Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.