Зеколи му одговори на Премиерот

Екс македонскиот дипломатски претставник во ОБСЕ во Виена, Арсим Зеколи, бара премиерот Заев да каже зошто кога е во прашање Албанија тој се залага за руска стратегија за почеток на преговори за нови членки во ЕУ.

“Премиере, не паламуди. Туку објасни зошто твојата дипломатија ја форсира руската стратегија (подржана од про-руски кругови во Европа) за двоење на Албанија од Македонија во добивање датум за преговори”, пишува Зеколи.

Според повеќе дипломатски извори Македонија инсистира во октомври членките на ЕУ да не одлучуваат за Македонија и Албанија во пакет, туку да се оценуваат посебно затоа што Тирана има речиси непремостливи разлики со Брисел во повеќе области.

- Реклама -