Аватари создадени со прсти

Со растот на популарноста на интернетот луѓето започнаа да создаваат аватари за да го скријат својот вистински идентитет. Facebook речиси го уништи концептот на аватар, но некои луѓе сè уште сакаат да создадат алтернативна личност.

Токму тоа било инспирацијата за 33 годишен италијанец да го создаде идентитетот Dito Von Tease и да започне да создава портрети на познати луѓе користејќи прсти. На неговиот блог, Ditology, Dito – кој не сака да го открие своето вистинско име – создава портрети на познати личности, историски фигури и фиктивни ликови врз фотографии од неговиот прст користејќи Photoshop.

Dito – што е прст на италијански – го започнал проектот пред три години кога создал профил на Facebook. „Сакав да се ослободам од мојата улога, од здодевни роднини и не толку блиски пријатели, па решив да создадам аватар.“ А зошто прсти? Dito објаснува дека Италијанците имаат поговорка: „Не можеш да се скриеш зад прст“, што е метафора за лошо место за криење. „Ја искористив оваа метафора за да пренесам дека сите ние се криеме зад одредена слика.“

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

- Реклама -