Пишува Милорад Стојмановски, за „Слободен печат“
ШТО ЗНАЕ МАРКО ШТО СЕ 64 КИЛОМЕТРИ?!
Во 1988 година, 11-годишниот Тoм Грегори стана најмладиот пливач што го препливал Ламанш. Му требаа речиси 12 часа за да совлада 50-ина километри. И ден-денес ја носи титулата најмлад пливач што го препливал каналот, зашто тамошната Пливачка асоцијација, која издава дозволи за овие обиди, веднаш потоа ја ограничи минимална возраст за сите вонаби-маратонци, прво на 12 години, а во 2000 година и на 16 години. Грегори лани, 30 години по „подвигот“, напиша книга во која вели дека целиот потфат бил грешка. „На моменти задремував, халуцинирав, болката во рамото и колкот ме доведуваше до агонија,“ напиша Грегори.
Лани, на Голема Богородица, рекордер според возраста, како најмлад пливач што успеал да преплива 30-ина километри од Свети Наум до Охрид, стана тогаш 12-годишниот Марко Пејчиноски, момче болно од инфаркт на коските. Го поздравија граѓаните на социјалните мрежи, медиумите, институциите. Марко беше примен од експретседателот Ѓорге Иванов, доби „Златна бубамара “, плакета од градот Охрид, а од Агенцијата за млади и спорт 100.000 денари (што е спорно од психолошка гледна точка при воспитување спортист во развој). Сите молчеа за евентуалните последици по здравјето на Марко што може да ги предизвика „подвигот“. Молчев и јас поради стравот да бидам погрешно сфатен, зашто настанот беше организиран од невладина организација, со цел да се подигне свеста на општеството во борбата за здравјето на децата со ретки болести. Згрешив! Зашто, ако нештата не се запрат навреме, еуфоријата тргнува како лавина удолу, со удвоени желби. Од 30 на 64! … Целата колумна прочитајте ја ТУКА.