Работната група на МВР започна со активности за спроведување на процес на ветинг во ова министерство. За сите вработени во МВР, ќе се бара извештај од неколку институции и тоа од Финансиската полиција, УЈП, Катастар, Антикорупциска и од Обвинителството. Ветингот или внатрешното чистење, се очекува да ги опфати сите во МВР, вклучително и самиот министер Оливер Спасовски.
Еден од најгласните застапувачи на процесот на ветинг, покрај министерот за внатрешни работи, досега беа од ДУИ. Нивниот лидер Али Ахмети уште лани тврдеше дека е неопходен процес во полицијата и правосудството, а пратеникот Артан Груби вели дека ветингот е неопходен и за политичари.