Актерскиот метод на Дејвид Карузо (видео)

Дејвид Карузо Дејвид Карузо (или Хорацио Кејн од CSI – Мајами) е актер кој е познат по своите „брилијантни“ реплики пред најавната шпица од секоја епизода. Несомнено, еден ден истите тие реплики ќе  му обезбедат место во историјата, рамо до рамо со Чак Норис, Џек Бауер и ним сличните.


Дејвид Карузо е сериозен телевизиски актер. Порано се мислело дека е и сериозен филмски актер. Претпоставките се покажале како погрешни.

Неговата актерска сестраност му овозможи да ги одигра улогите на полицајци вработени во Њујорк и во Мајами – два града кои се оддалечени повеќе од илјада километри.

Но, факт е дека и покрај бројните истражувања на актерскиот метод на Дејвид Карузо, никој до сега не успеал да го опише со зборови. Затоа, најдобро е истиот да се погледне преку илустрација: 
Дејвид Карузо

 

Погледнете ја колекцијата на најдобрите бисери на Дејвид Карузо:

{youtube}_sarYH0z948{/youtube}

Стрип
 
- Реклама -