Наставниците нема да ги примаат учениците на 2 септември

Наставниците ќе го одржат предупредувачкиот штрајк најавен за првиот училишен ден, најави претседателот на СОНК, Јаким Неделков откако од Министерството за образование нема најава дека ќе почнат преговори со синдикатот за поголемо зголемување на платите.

Планирано е наставниците да дојдат на работа во понеделник, но денот ќе го поминат на работното место без да ги примаат децата.

Неделков повикува на трпение на родителите.

– Тие што штрајкуваат нема да прифаќаат деца, ниту пак да изведуваат некаква настава – вели Неделков.

Синдикатот не отстапува од барањето наставниците во основното и средното образование да добијат зголемување на на платата од 25 отсто, наместо како што најави Владата 5 отсто.

Според него нема напредок во преговорите со Министерството за образование.

Предупредувачкиот штрајк ќе трае само еден ден.

Доколку и до крајот на следниот месец нема значителен напредок на релација СОНК – МОН, најавен е генерален штрајк.

- Реклама -