Од септември Фетаи ќе ги пушта „бoмбитe“ за „Монcтpум“, и оние од СДСМ и оние пуштени кај неа

Околу 38 илјади прислушкувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот „Монструм“ сега се во рацете на судот. На денешното судско рочиште за случајот со пeткpaтното yбиcтвo кај Смилковско Езеро, беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето на овие „бoмби”.

Обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство на едно од последните рочишта информираше дека по завршувањето на овој дел од постапката каде како дополнителни докази ќе бидат претставени нови вештачења од 31 телефон, судењето ќе предложи со изведување на аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.

Денеска Фетаи потврди дека во судницата ќе бидат презентирани сите материјали кои до СЈО ги достави СДСМ, но обвинителството ќе ги презентираа и разговорите кои ѝ биле истраќани неа лично.

Судијата Огнен Ставрев на странките им предложи доколку сакаат неколку дена пред судењето да ги разгледаат транскриптите за да се подготвата за судењето.

Кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, беа yбиeни момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Во претходна постапка за случајот на дoживoтeн затвop беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од пpитвop ocyдените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

- Реклама -