вете деца кои вчера беа оставени во автомобил во скопската населба Ново Лисиче се сместени во згрижувачко семејство. Иако родителите на децата не биле заведени во регистарот на негрижливи родители, центарот за социјални работи ќе решава дали ќе им биде одземено родителското право.
„Стручниот тим смета дека во моментов најдобар интерс на децата е да бидат сместени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа нега и психосоцијална подршка. Значи ова значи времено сместување на друг безбедно место а во однос на родистелското право ќе треба да ги комплетираме потребните документи да се консултираме и во министерството за внатрешни работи и со основното јавно обвинителсто да видеме со кој факти и докази располагаме“, вели Наташа Станоевиќ, Меѓуопштински центар за социјални работи.
Децата на возраст од 4 и 7 години синоќа се пронајдени во автомобил. Полицајци ги извадиле братчето и сестричето по што биле пренесени на Детската Клиника.
„Околу 23 часот во придружба на возило од итната медицинска помош и полициски службеници на клинката за детски болести се донесени две деца, машко дете на возраст од 4 години и женско дете на возраст од 7 години во свесна состојба, уплашени и со лесна дехридрација со стабилни витални параметри. Во текот на ноќта и во денешниот ден се задржани на обсервасција реализирани рутински лабараториски анализи кои што се со уредни вредности децата во текот на денешниот ден се прегледани и се во општа добра состојба и се планира нивно испуштање од болницата“, изјави Др. Весна Мицевска, Детска клиника.
Според неофицијални информации таткото ги оставил децата во автомобилот и заминал на прослава во црква за празникот Успение Богородица. Мајката била повикана и била присутна со двете деца додека траеле прегледите во Детската клиника.