Единствениот разумен потег кој е од интерес на народот е конфискација и национализација на сиот имот на Камчев. Ова денеска го побараа од Левица преку соопштение.
– Сѐ што тој поседува мора да се врати кај народот, а Камчев да се затвори заедно со оние кои го рекетираат. Да ние работиме за трошки, а десет олигарси да ни ја диктираат политиката во државата и меѓусебно да се рекетираат со милионски суми украдени од нашата пот е неприфатливо. Во оваа држава мораат да одговараат сите кои 28 години нѐ крадат и понижуваат, без разлика дали доаѓаат од ДПМНЕ или СДСМ, а прв на таа листа е најбогатиот Македонец, Камчев!, стои во реакцијата на Левица.