Две малолетни деца вчера биле оставени заклучени во автомобил на паркинг во населбата Ново Лисиче во Скопје. Случајот во полицијата околу 22 часот го пријавиле минувачи кои ги забележале децата на возраст од 4 и 7 години во автомобилот.
На паркингот на булеварот „Видое Смилевски Бато” во паркирано возило алфа со скопски таблички биле оставени двете деца, а вратите на возилото биле заклучени. Полициските службеници интервенирале веднаш по пријавата и откако скршиле стакло, успеале да ги извадат децата од автомобилот.
Со возило на Итна медицинска помош децата веднаш биле префрлени во комплексот клики „Мајка Тереза”.
Полицијата успеа да ги најде родителите на децата Т.Т.(44) и М.Н.(35).
За настанот е известен и јавен обвинител кои презема мерки за расчистување на овој случај.
Дополнително ќе се утврдува кој и зошто ги оставил децата сами и заклучени во возилото.