ДАЛИ ЕХФ ЈА ПРАВИ ИСТАТА ГРЕШКА СО ВАРДАР?

Вардар во новата сезона во Лигата на шампионите влегува како бранител на титулата. Македонскиот првак во изминатите три години беше дел од фајнл-фор завршницата во Келн, а дури двапати го подигна пехарот.

Зад „црвено-црните“ е уште една блескава сезона која за многумина изгледаше дека нема да заврши со бајка. По изјавата на првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко дека ќе дигне раце, никој не му даваше шанса на Вардар дека ќе стигне до Ф4, а уште помалку дека ќе стане нов владател.

Еден од оние „неверници“ е ЕХФ. Од стартот на минатата сезона, македонскиот првак го ставаше во сенка, не му даваше шанси дека ќе се најде на завршницата. Ние Македонците никогаш не ги забораваме овие моменти, веќе добро научивме дека последниот збор секогаш го имаат ракометарите, оние партии во изминатите години не прават оптимисти до крај.

Е сега кога сме кај ЕХФ, се чини оние кои ги кројат топ-листите, па и плановите за мечеви на неделата, не ја научија лекцијата. На официјалната страница на европската куќа на ракометот и официјално е познато кои дуели ќе бидат во центарот на вниманието во први пет кола.

Верувале или не, Вардар го нема никаде. Колку и да сакаме да го сфатиме ова поинаку, не можеме. Зар европскиот првак не е интересен за ЕХФ?

Нашиот тим во првите пет средби во одбраната на титулата ќе ги одмери силите со Монпелје, Порто, Мотор, Кил и Веспрем. Зар ниту една средба од овие не е доволна интересна…

Распоред на натпревари: 1 коло – 14 септември (17,15 часот) Монпелје – Вардар

2 коло – 22 септември (17 часот) Вардар – Порто

3 коло – 29 септмеври (18 часот – локално време) Мотор – Вардар

4 коло – 12 октомври (17,15 часот) Вардар – Кил

5 коло – 19 октомври (17,15) Веспрем – Вардар

- Реклама -