Пишува Бранко Героски, за „Плусинфо“
Ваша екселенцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, веројатно и самите немате претстава колку сте во право што аферата „Рекет“ ја нарековте едно големо ријалити шоу. Ве уверувам дека луѓето во Македонија, како и Вие, се мошне загрижени, но уште повеќе, се и згрозени од ова што ни се случува. Можеби за ЕУ, чиј претставник сте Вие, справувањето со овој скандал нема да стане бенчмарк за почетокот на пристапните преговори што сите желно ги очекуваме, но веројатно сте свесни дека за нашата земја оваа афера е најсериозен тест за волјата и за способноста на оваа власт да се справи со високата корупција.
Кога веќе спомнувате ријалити шоу, а патем речено го именувате и со добро познатиот бренд „Биг брадер“, би се осмелил да Ви укажам дека се потребни неколку важни допрецизирања и појаснувања на Вашата изјава. Таа духовита опаска за името на ова наше ријалити шоу веројатно произлегува од аналогијата со учеството на еден од главните актери на аферата, осомничениот Бојан Јoвановски, во истоименското српско телевизиско шоу „Велики брат“. Еве, да погледнеме еден детаљ од тоа шоу, со нашата позната ѕвезда во главната улога… (Колумната продолжува ТУКА)