Од утре, 26.08.2019 со почеток во 07:00 ч ќе започне со работа наплатна станица Гевгелија, соопшти вечерва АМСМ.
На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје. Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села.