Прво, Инфомакс не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ
Второ, Инфомакс во повеќе наврати и од страна на повеќе субјекти и организации е идентификуван како создавач и пренесувач на лажни вести, дистрибутер на говор на омраза и поттикнувач на омраза и насилство.
Трето, доколку веќе има пресуди против нив токму за ширење на лажни вести мислам дека секое наредно дело треба да се смета како дел од продолжено кривично дело и соодветно да се димензионира и казната.
Во моментов мислам дека против нив не е доволно и не треба да се водат индивидуални постапки туку да се поднесуваат кривични пријави со цел соодветно санкционирање.
И не мислам дека новинарската фела треба да застане во одбрана на злоупотребата на слободата на говорот туку да ја осуди токму со цел заштита на истата таа слобода.
https://iportal.mk/stav/infomaks-republika-kurir-ne-se-mediumi/