Најлоша одбрана на пенал до сега (видео)

Во четвртфиналето на Светското првенство за девојки во кадетска конкуренција на натпреварот меѓу Нигерија и Франција виден е еден од најлошите обиди за одбрана на пенал во историјата на фудбалот.

А, за него е заслужна голманката на Нигерија, Енди Гифт. По 120 минути игра на дуелот немаше голови па за место во полуфиналето се изведуваат удари од белата точка. Французинките на крајот победија со 5:3 и тоа со голема помош на Гифт која не одбрани ниту еден удар, а еден прими на досега ретко виден начин…

{youtube}bBUwlcpBIfo{/youtube}

„Ми се причини дека ја имам топката во раце, но не било така. Кога заврши дуелот сакав да се убијам, не можев да престанам да плачам. Се чуствувам навистина тажно“ рече по поразот Гифт.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -