Салиу: Секако дека е од јавен интерес

Мислам дека на #ОЈО им е криво што исказот на #Камчев не го објави медиум близок до нив а ова со пресумцијата на невиност и другите глупости што ги напишале ми се смешни знаејќи како функционира таму.

– За да добиеш навреме официјална информација од ОЈО треба да си пријател со некого… Или ќе почекаш да ја прочиташ од портали блиски до нив

– Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство

– Пред три дена одлуката не беше објавена нигде, два часа порано одредени медиуми објавија дека Јанева иде во притвор – реакција немаше

-Како е можно одредени медиуми точно да знаат кога полицијата ќе ја притвори Јанева?

– За самиот случај #Рекет дознавме од медиуми и од новинарот Героски а не од ОЈО

– А да не почнам да пишувам (ќе ми требаат 2 дена) какви се детали се објавуваа за 27 април додека траеше истрагата

Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план објавен пред точно месец дена.

Дали има јавен интерес во тоа што е објавено?

Ако сите сакаме да го ослободиме судството од судии како онаа што се спомнува во текстот, ако сите се прашуваме зошто после 4 месеци истрага само 3 се во притвор, ако притворите дојдоа после објавувањето на снимката во ЛаВерита…Секако дека има јавен интерес!
Според мене, ова е само почеток на борбата на власта по секоја цена да го контролира онлајн просторот.

- Реклама -