Рахиќ: Во Шутка се шверцуваат мобилни за 200 евра

Само изминатата недела во Истражниот затвор „Шутка“ бикле запленети меѓу 10 и 15 телефони, вели во директорот Есад Рахиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според Рахиќ, многу е тешко да се контролира нешто што е ендемско. „Има, како и секаде, една одредена мала група корумпирани луѓе коишто работат тука и коишто на разни начини се снаоѓаат и успеваат да „бутнат“ по некој телефон. Ние вршиме редовни контроли, одземаме дел од тие телефонски апарати и тие кај коишто се наоѓаат се санкционираат. Во моментов се води постапка против еден затворски чувар. Има дадено изјава од притворено лице, каде што тој земал пари, а не испорачал телефон и не ги вратил парите и ние ги информиравме надлежните органи за тоа лице за да биде санкционирано. Тоа е обид на оваа управа, за нешто што лично сметам дека е аномалија, ќе се обидеме да ја исправиме“,

Директорот вели дека цената на мобилните кои нелегалнои се шверцуваат за притворените лица варира:

„“Зависи. Зависи од корисникот на телефонот, колку му треба, кој е корисникот и каков телефон, 200 евра, па и повеќе, или помалку“.

- Реклама -