Јоци до уредникот на Инфомакс

Фб статус

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот со Никола Груевски дека не честитал Илинден, тогаш можеби и ќе им поверувам дека Зоран Заев е инволвиран во ,,Рекет”, како што од вчера урлаат.

А, дотогаш…

Александар Митовски, уредник на сајтот ,,Инфомакс”, вечерва, на фреквенцијата на тв Алфа, побара солидарност околу објавата на Записникот на Камчев кој го објавија вчера, од луѓето кои се критични кон оваа власт ! ?
Стварно, момче ?
Се зезаш, нели ? Момироски ко да те сфати озбилно, шу знам ! Можда изгубил и он сенс за новинарство, па сеа чека некој да го уапси , ко на времето Павлета, за да стане ѕвезда и жртва.

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н”, а сака да ги злоупотребува со статуси без да ги прашува за дозвола, бара солидарност !?

Да се разбереме Митовски.
Ти си далеку од новинар. Колку побрзо си признаеш на себеси, толку боље за тебе.
Немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер. Сечеш и лепиш. И среде јака афера која би урнала Влада, веќе изградена, се убацуеш ко слон у стаклара, и праиш лом со една страница од Записник и трачарење.
Немаш сенс за афери, нит знаеш да ги отвориш, нит да ги затвориш.

Ти си само младо момче кое сака да прави кариера преку туѓ грб. Со полувистини, трачеви, заебанции.
Ја не ти давам. И тоа сериозно го мислам.
Ти забранувам повеќе да ме ,,крадеш” на твојот компромитиран сајт. Јасно ?
Ја и ти не сме исто ниво, нит ќе бидеме.

Впрочем, за тебе доволно говори фактот што пред месец го праша Заев што бара на Водно на полноќ, а ти одговори дека таму имено – живее. Си одел дома човекот.

Живеј и легни си со Грујо под перница.
Али, уште еднаш да не ти текнало да ме сечеш, лепиш, монтираш !

П.С

СТАТУС НА ИНФОМАКС :
https://infomax.mk/wp/%D1%98%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA-%D1%81%D0%B8%D1%9A%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B4/

МОЈ СТАТУС : https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10219563977989977&id=1230857287

- Реклама -