Што би направиле вие кога би нашле плик со 7.000 евра?

Прикзната за мистериозниот плик полн со пари, кој завчера на улица ги пронајде риечанката Јасна Врховац, се прошири на социјалните мрежи и за 24 часа доби среќен крај.

Познати и непознати помогнаа да се најде сопственикот на седумте илјади евра распослани н аулица.

Благодарение на повеќе од 1.200 споделувања на Фејсбук, откриени се сопствениците, а Врховац, која се занимава со хуманитарна работа, ја открива и целата приказна за хрватската телевизија РТЛ.

Се работело за пари кои синот од Германија му ги испратил на својот татко за да го плати долгот кон банката бидејќи куќата им била под хипотека. Синот всушност и заминал во Германија за нешто да заработи и да ја спасат куќата. Парите за татка си ги испратил по свој пријател, кој ги изгубил на улица. На пликот пишувало само: „За тато“.

Таткото, кој живее на островот Крк, извадил од пликот 1.000 евра и како благодарност ѝ ги понудил на Јасна, но таа ги одбила.

- Реклама -