Адвокатот Јанаки Митровски напиша на својот facebook профил дека копија од записниците на Јавното обвинителство добиваат и осомничените и сведоците. Митровски го повика Обвинителството „да не глуми лудило“.
Порано денеска новинарот Саше Димовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77. изјави дека разговарал со јавната обвинителкa Вилма Рускоска и таа потврдила дека записникот кој е објавен е точен и тоа е приjaвата која што ја поднесува Орце Камчев на 2 мај оваа година во Обвинитeлството.