Фб статусот на Виолета кој ќе ве стопи

Еден гест денес “ме стопи”.На 34°С додека чекав автобус кај Тобако2, притрча до мене едно мало девојче и сосема искрено, вешто и сериозно ме праша:Да не сакате малку лимонада да се освежите?Останав запрепастена.

Збунета, со погледот кој луташе час кон неа,час кон улицата да не дојде автобусот, само промрморев: Не,не благодарам. Само погледнав кон местото каде што се враќаше: мало масиче и уште две девојчиња на 8-9 години седеа по сенка, а покрај нив шишињата и чашките со подготвена лимонада, на готовс, да помогнат на истоштените минувачи.

Не,не, си реков во себе, ова не се случува кај нас!?!Господе боже,сепак има надеж! Во младите е иднината! Браво за тие што ги воспитуваат!

ФБ статус на Виолета Цветковска

- Реклама -