Што треба да направите за таа почесто да посакува секс?

Во последно време од својата партнерка често слушате „не можам вечерва, ме боли глава“? Ако ви се чини дека партнерката воопшто не е загреана и не сака да има секс, еве неколку предлози како тоа да го промените.

Додека мажите речиси никогаш нема да кажат дека не се расположени за секс, на жените често им се случува и воопшто да не сакаат да тргнат со предиграта, па имаат различни изговори зошто не е добар момент за интимност. Еве осум работи кои мажите може да ги направат за жените почесто да се расположени за секс.

Физички изглед

Познато е дека мажите ги возбудува женското тело па не зачудува тоа што гледаат филмови или посетуваат стриптиз-барови. Но, на жените им е поважно лицето на мажот, неговите потези, па на крај изгледот на телото. Жените ги возбудуваат мажи кои имаат изразена мажественост, но не сакаат кога тоа е единственото што го забележуваат на прв поглед. Обично ги возбудуваат некои ситници кои ги забележуваат, како на пример изразено торзо, мажествени раце или изразени делови од телото кои покажуваат дека се работи за спортски тип. Така, би било паметно малку да се посветите на спортот доколку сте се запуштиле.

Време за секс

На секој човек може да му одговара различно време кое ќе му биде совршено за акција, но најчесто за жените најдобар момент за секс е кога имаат енергија, не чувствуваат замор и кога ќе проценат дека имаат доволно време за поврзување со партнерот. Кога малку подобро ќе размислите, ниту на мажите не им е секој момент идеален за секс. Работните обврски може да ја уништат желбата за секс, па обидете се да ги пронајдете моментите кога сте двајцата опуштени и имате малку слободно време за акција.

Мириси

Мирисите повеќе влијаат на жените отколку на мажите кога е во прашање сексот. Затоа, ако на жената не и се допаѓа како партнерот мириса, тоа автоматски ја оттргнува од него. Освен изборот на добар парфем и слични мириси, на жените најодбивен им е лошиот здив од устата.

За многу жени, без оглед дали се свесни за тоа или не, мирисот може да игра важна улога во одредувањето на подготвеноста за сексуални односи со маж.

Внимавајте што зборувате

Понекогаш мажите премногу се опуштаат кога се обидуваат да ја убедат партнерката дека е вистински момент за аксција, а таа не го дели неговото мислење. Комплиментите се убави, но ако доаѓаат од неточни и невистинити искази, очекувајте разочарана партнерка подготвена за кавга, а не за акција. Поголемиот дел од жените ценат добра смисла за хумор. Ако успеете тоа да го искомбинирате со по некој комплимент, тоа е знак дека сте интелигентни, а тие се веќе подготвени за акција.

Секс за одмазда

Сексот со некој друг жените често го користат како чин за одмазда на неверниот или лош партнер. Некои потајно се надеваат дека партнерот ќе дознае за тоа, и ќе сфати што губи па старата врска ќе се обнови, а некои едноставно се заинтересирани само за одмаздата. Зошто жените особено уживаат во сексот за одмазда? Се чувствуваат подобро бидејќи повеќе не се жртви, а и мислат дека се вратиле во игра, па и дека понатаму имаат репутација на моќна личнот која знае што сака од животот.

Генетика

Жените поверојатно би избрале маж чии гени не се слични на нивните, бидејќи тоа е збир на гени кои се вклучени во одредувањето на имунолошкиот состав кај секој поединец. Со тоа, потомците чии родители имаат различен збир на гени ќе имаат подобар имунолошки состав. Жените имаат инстинкт со кој чувствуваат кој маж им е компатибилен во овој поглед.

Сексот е добар за здравјето

Доколку и понатаму барате причини како саканата да ја уверите дека е вистинско време за секс, потсетете ја колку е добар за здравјето. Сексот ги намалува стресот и анксиозноста, добар е за здравјето на срцето, ги согорува калориите и генерално го подобрува расположението.

Самодоверба

Кога жената нема самодоверба, понекогаш тоа го лечи со секс. Тогаш на пријателките во друштво сака да им докаже дека е доволно добра, убава и паметна, па успеала да пронајде маж кој е згоден и ги задоволува сите нејзини критериуми. Недостигот на самодоверба подеднакво може да се рефлектира и во врската, па ако се посомневате дека тоа е проблемот, уверете ја дека е убава и посакувана, и дека не сакате ниедна друга освен неа.

- Реклама -