ДВ: На каков мебел спие Јанева?

Каква е таа софа на која може да прилегне со „чиста“ совест, а без да се запраша – за што дадов свечена заклетва: за да го гонам криминалот или да му се придружам?
Јанева вчера имаше лош ден.

Почина нејзината мајка, а таа заврши во притвор. Ни јавноста не помина полесно. На граѓаните им почина вербата во правдата. Не само поради криминалците кои се извлекуваат, туку поради поведението на правораздавачите. Последниве два месеци граѓаните живееја во отвореното одделение на општествениот притвор, растргнати меѓу индиции и дилеми – можно ли е некои од Чарлиевите ангели да станале ѓаволи?

Јанева е притворена, но сѐ уште не е обвинета, ниту осудена. Засега е само осомничена. Но, една реченица од аудио снимките дава целосна основа за јавна осуда на нејзиното обвинителско поведение. Не мислам на она „Не се секирај, се ќе биде океј“. Таа реченица и дејствата што евентуално стојат зад неа, се работа на истрагата, но се надевам дека изјавата на Јанева ќе заврши како прогнозерска: дека по овој случај, сѐ ќе биде ОК, дека сите одговорни за криминалот во судска постапка ќе ја добијат соодветната казна, за да не страда и натаму надежта дека е можна правдата во оваа земја.
Онаа реченица на која е мислам, е обраќањето на Јовановски до Јанева, откако на Камчев претходно му објаснува тек на потези околу неговиот предмет.
„Имаш нешто да додадеш? – ѝ вели Јовановски на Јанева.

Дојче Веле

- Реклама -