Катица Јанева во моментов е на распит во суд. Од таму била викната екипа на Брзата помош.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е на распит во Кривичниот суд за случајот „Рекет”. Јанева во судот беше внесена со автомобил преку подземната гаража.
Според истрагата, Јанева се стекнала со 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.
Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, а Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја”.
Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.
Јанева вчера беше повикана во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција каде што даде изјава пред јавен обвинител. Првично таа во обвинителството беше повикана како сведок во случајот.